(ФЕЉТОН) Јованка Броз: Мој живот моја вистина (4)

По десантот и евакуацијата на дел од нашите ранети во Италија, бев дел од составот на Врховниот штаб за Србија. Учествував во борбите на Златибор, а потоа во Ваљево презедовме една болница. Преку Ваљево стигнав до Белград. Кога беше ослободен Белград, јас тука повторно добив наредба да раководам со една болница, а подоцна бев испратена и на Сремскиот фронт. Потоа добив прекоманда во Генералштаб.

Кога војната заврши тогаш бев капетан прва класа. По ослободувањето, од Ниш ме префрлија во Белград и бев одредена да бидам управничка на куќата во која што тогаш живееше Тито. Беше тоа Бел Двор. Тито не сакаше да живее во Дворот и се пресели на Ужичка 15. Добив задача да ја преземам архивата и покрај Митре Бакиќ и Густав Влахов да бидам негова секретарка, а во исто време да го организирам малото домаќинство, да ангажирам луѓе кои таму ќе работат и да водам надзор над нив.

Работејќи ја завршив полуматурата и матурата, учев англиски и руски јазик, заврши некои стручни курсеви, запишав светска книжевност на Филозофскиот факултет. Поради презафатеност со работата и честите патувања не можев да ги следам предавањата, па се откажав од понатамошно студирање. Ме демобилизираа во 1953-та година во чин мајор, но бидејќи претходно положив испит за чин потполковник пренасочена сум во тој чин. Носител сум на Партизанска споменица, како и повеќе домашни и странски одликувања.

Продолжува…

Извадоци од книгата на Жарко Јокановиќ, „Јованка Броз мој живот, моја вистина“- од раѓање до болнички денови, во издание на српскиот весник „Блиц“.