(ФЕЉТОН) Јованка Броз: Мој живот, моја вистина (5)

Многумина досега се обидуваа да направат некаква мистерија околу моето доаѓање во служба на Тито. Или ме донел овој, или оној, но во сето тоа немаше ниту трошка вистина. Само лаги.

А, вака беше до крајот на 1945 година. Јас во тоа време во Ниш бев на служба во штабот на Првата армија. И таму во Ниш, како офицер јас бев одредена да одам на служба во Белград, да го водам Белиот двор. Да бидам управничка на Дворот, куќата во која што бил генералниот секретар кај Тито. И мене, да бидам искрена, ме фати паника, каков управник ќе бидам јас кога за таа работа не знаев ништо. Но, тоа беше воена наредба за мене и јас тоа морав да го почитувам.

И така јас дојдов таму по наредба, но Митре Бакиќ не беше тука, бил на боледување, на некакво лекување и го чекав. Ни самата не знаев колку долго. И кога дојде тој тогаш ме повика на разговор да ми каже која е мојата работа која што треба да ја работам.

Одеднаш дојде Тито, влезе и рече: „Јас не сакам да живеам во дворови, сакам да живеам на Ужичка 15“. Отвори една каса и ми даде да ја презенан архивата и ми кажа дека тоа е голема одговорност. Ми покажа кои се моите канцеларии за кои сум одговорна, а јас многу се исплашив, срцето не можеше да ми се смири, плашејќи се дали јас можам да ги завршам сите работи онака како што треба.

Ако некој знаеше кој бил Тито- тоа сум јас. Еднаш бевме во Загорје кај братучетка на Тито. Тука беше и Лидија Шентјурц. И јас велам: Зошто некој по сеќавањето на Тито и по ликот на нејзината сестра е направат портрет на мајката на Тито?

Инаку, Тито за семејството на неговата мајка знаел многу работи, но не и за неговиот татко. Тито знаел ништо за својот дедо по татко, а јас ги знам сите од десеттото колено на моите претци. Ние имавме семејно дрво, грбови, што се’ не. А тој повеќе ја познаваше страната на неговата мајка одошто на неговиот татко.

Затоа кога на таква позиција се става човек, многу е важно да се знае неговото минато, за да не се остави простор за манипулации. Јас случајно во 1945-та и 1946-та година ги добив сите пасоши со кои што се служел Тито, ги запознав сите негови роднини и помагав со тие документи да добие некакви податоци за неговите роднини.

И на основа на сето тоа она што го знаев и што го видов, јас воопшто не се сомневам дека Тито е она што за него зборува личната биографија.

А еден ден додека ги средував тие негови документи, она што беше поврзано за неговиот предвоен период, за тоа време на илегална работа, тој практично тогаш ме побара за жена.

Продолжува…

Извадоци од книгата на Жарко Јокановиќ, „Јованка Броз мој живот, моја вистина“- од раѓање до болнички денови, во издание на српскиот весник „Блиц“.