(ФЕЉТОН) Јованка Броз: Мој живот, моја вистина (6)

Со текот на времето се случи приближување меѓу мене и Тито. Прво некој, така да кажам, поголемо приближување се случило во 1947-ма година, кога тој беше опериран од кила, па потоа се случија компликации и ситуацијата беше мошне сериозна.

Јас тука бев покрај него и настојував само малку повеќе да му ги олеснам тие болнички денови колку што можев. И тогаш почна закрепнувањето, веќе му беше подобро , па често пати му рецитирав различни песни од познати писатели, за да може полесно да му помине времето.

Потоа му се случи и втората операција во 1951-ва година, кога му беше оперирана жолчката и јас повторно бев околу него и во таа ситуација.  А целата таа атмосфера која што владееше доведе до тоа да се заврши со брак. Атмосферата беше тешка. Тешко беа околностите во кои Тито живееше и работеше.

И сето тоа така излезе. Јас средував некои негови приватни документи од периодот на неговата предвоена и илегална работа и Тито влезе и почна да ми раскажува за неговиот живот и за сите тие лоши работи кои што го следеле. Но, сето тоа беше во завиена форма, а јас поради тоа ништо не разбрав и го прашав за што точно се работи. А тој, на тој мал простор околу мојата работна соба, рече дека покрај мене би можел да си обезбеди спокоен и среќен живот.

Искрено, јас се изненадив. Јас воопшто не очекував ниту пак се надевав дека нешто такво може да се случи, но ете се случи и ние потоа се венчавме. Само долго време ми требаше да се согласам, бидејќи, да бидам искрена, ми пречеше таа разлика во години, како и неговите несредени семејни односи. Исто така, бев од една патријархална средина, и тоа сето тоа мене ми беше незамисливо. Но, јас бев млада и имав многу додворувачи.

И тој бше упорен, но јас лесно не се предадов на сето тоа. Долго време ми требаше да се согласам.

По некое време се зближивме и се закавме, започна таа врска, а потоа и нашиот брак. И морам да кажам дека и покрај тоа што постоеше толку голема разлика во години јас тоа не го почувтсвував, бидејќи Тито беше полн со енергија.

Продолжува…

Извадоци од книгата на Жарко Јокановиќ, „Јованка Броз мој живот, моја вистина“- од раѓање до болнички денови, во издание на српскиот весник „Блиц“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.