(ФЕЉТОН): Јованка Броз: Мој живот, моја вистина (9)

За идните поколенија, не за мене, некои работи треба да се расчистат додека некои од нас се живи. Па, оној кој не е виновен за ништо да не ги исплаќа гревовите на другите.

Сега викаат: Ајде да се сокриеме од „Бура“ заради слога за да можат тие и во Хрватска и во Белград да останат во своите фотелји. Исто како што во 1945-та година го сокрија Јесеновец. Павелиќ го правеше тоа, но ајде да поминеме и преку тоа. Видете што се случило по 50 години. Започна вулканот на тој национализам. Зошто? Никој не зборуваше за тоа.

Тито не го го оспоруваше Јесеновац. Но, целокупното раководство тоа некако го сокри на страна по војната, што воопшто не им беше проблем, бидејќи тогаш се решаваа и други работи, како што беа некои важни животни прашања. И така преку тоа многу лесно се поминуваше. Но, ние сме очевидци на тоа што подоцна се случи.

Никој не гледал колку е затрупан од тој отпор, неволји и незадоволства, и одеднаш се’ пукна. Се насобра целата таа неправда која што експлодираше како некој вулкан.

И сегашната ситуација ме потсетува на тоа. И оваа „Бура“ доколку не се расчисти и ова најново што се случува. Но, тоа треба да се реши додека се’ уште постојат живи сведоци. Кои знаат и паметат.

Во тие настани во текот на „Бура“ имаше многу слични работи со оние кои што се случуваа во 1941-ва година. Тие прогони и страдања на луѓето , сето тоа многу личи на она што усташите го правеа со истите цели за прогон од родните огништа.

Дали Тито знаеше што се случува на Голи Оток? Како да не знае. Знаеја сите во раководството. Јас мислам дека половина од луѓето таму лежеа без причина. А што можев јас да направам?

Продолжува…

Извадоци од книгата на Жарко Јокановиќ, „Јованка Броз мој живот, моја вистина“- од раѓање до болнички денови, во издание на српскиот весник „Блиц“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.