Феникс дојдоа до најубедливата победа сезонава, Џинобили го израмни рекордот на Џордан

Кошаркарите на Феникс Санс во натпреварите одиграни ноќта кон понеделникот во НБА лигата, совладувајќи го Оклахома Тандерс со 114:100 ја остварија најубедливата победа оваа сезона, додека аргентинскиот ветеран Емануел Џиноили стана вториот играч во историјата на најсилната светска кошаркарска лига кој на две среди по ред постигнал 20 поени како 40-годишник.

Девин Букер со 26 поени, Ти Џеј Ворен со 23 кошови, и Хрватот Драган Бендер со својот рекорд во НБА лига од 20 поени за 39 минути од кои дури 17 во второто полувреме со 6 „тројки“, 6 скокови, 4 асистенции и 3 блокади, како и „рукито“ Џон Џексон со 17 поени и 10 скокови се најзаслужните за победата на Феникс Санс.

Кај Оклахома Тандерс, Расел Вестбрук го оствари 14-от „трипл-дабл“ оваа сезона а 93-ти во кариерата, постигнувајќи 26 кошови, 11 асистенции и 10 скокови.

Највозбудливо беше во Пртланд, каде што Трејл Блејзерс го совладаа Сан Атнонио Спарс со 111:110, а победничкиот кош на шест секуднои до крајот го посигна Си Џеј Меккалам, кој со 25 поени беше најефикасен во својот тим. Босанецот Јусуф Нуркиќ додаде 17 кошови и 13 скокови, а Морис Херклес 19 пеони.

Спарс ги предводеше Ламаркус Олдриџ со 30 кошови и 14 скокови, а 40-годишниот Аргентинец Емануел Џинобили додаде 26 поени, со што стана вториот играч во НБА лигата по легендарниот Мајкл Џордан кој со наполнети четири децении од животот на две средби последователно постигнал најмалку 20 кошови.

Во преостанатите дуели Њујорк Никс на гости слеваа со 100:96 против Далас Маверикс, благодарејќи на Кристапс Порзингис кој постигна 20 поени, Мајами Хитс со половина кош 103:102 беа подобри од Јута Џез, а Лејкерс во Лос Анџелес ги надиграа Алтланта Хоукс со 132:113.