Феникс повторно подобaр од Денвер

Во најсилната пак светска кошаркарска лига, НБА, ноќеска на програмата беше само еден натпревар по кој екипата на Феникс Санс ја оствари втората победа против Денвер,
„Сонцата“ од Феникс убедливо го добија вториот натпревар од полуфиналето на Западната конференција против Денвер откако пред својата публика славеа со 123-98 и поведоа со 2-0 во серијата подобар до четири победи,
Во победничката екипа дури тројца кошаркари средбата ја завршија со дабл-дабл ефект. Букер беше најефикасен со 18 поени, а имаше и 10 скокови, додека Крис Пол на 17 поени придодаде и 15 асистенции, а Деандре Ејтон заврши со учинок од 15 поени и 10 скока.
МВП-то на регуларниот дел од сезоната Никола Јокиќ иако имате дабл-дабл со 24 поени и 13 скокови, сепак не можеше да им помогне на гостите да го избегнат поразот.
Сега серијата се сели во Денвер каде ќе се играат следните два натпревари, а првиот е закажан за во сабота наутро.

Ноќеска на програмата се две средби, Милвоки – Њу Џерси и Јута – ЛА Клуперс, а во нив тимовите на Џу џерси „Нетси“ и Јута „Џез“ ќе влезат со предност од 2:0, односно 1:0 во победи.

https://www.youtube.com/watch?v=EmUos46_tWg