Феникс Санс поведоа во големото финале на НБА лигата

Во првиот дуел од финалната серија до четири победи во НБА лигата ноќта кон средата кошаркарите на Феникс Санс на домашен терен ги совладаа Милвоки Бакс со 118:105 и поведо со 1-0.

Феникс се одвоија во третата четвртина кога во неколку наврати имаа по 20 поени предност, а пред последната деница водеа со 17 коша разлика (92:75). Милвоки во последната четвртина успеаја да дојдад до „минус седум“ (94:101), но набрзо Феникс се вратија на доцифрентата предност и поведија со 13 поени разлика (118:105).

Крис Пол брилјираше кај победниците со 32 коша и 9 асистенции, Девин Букер додаде 27 поени, а центарот Деандре Ејтон впиша 22 коша и 19 скокови.

Иако медиумите најавуваат дека најдобриот играч на Милвоки, Јанис Адетонкумпо веројано поради повреда на коленото нема да игра на првиот меч во финалето, грчкиот крилен центар сепак одигра 35 минути во кои иствари 20 поени со шут 6 од 11 и 17 скокови. Најдобар стрелец на Бакс беше Крис Мидлтон со 29 коша, а центарот Брук Лопез додаде 17 поени.

Следниот натпревар се игра, исто така, во Феникс во петок на 9-ти јули, во 3 часот по македонско време.

Милвоки Бакс својата единствена титула во историјата ја освоија во 1971 година, а последното финале го играа во 1974 година. Тоа беше во периодот кога за овој тим настапуваа големите ѕвезди Карим Абдул Џабара и Оскар Робертсон.

За Феникс Санс, пак, ова е третото финале во НБА лигата по претходните во 1976 и 1993 година. Во последеното од 1993-та ги предводеше славниот Чарсл Баркли кој таа сезона беше најкорисниот играч на лигата, но во финалетот загубија со 2-4 во победи против Чикаго Булс предводени од Мајкл Џордан.