Фер шанса за влез на Македонија во ЕУ

Фер шанса за влез на Македонија во ЕУ, смета известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл
Иво Вајгл се залага за Македонија во ЕУ
Постои фер шанса за влез на Македонија во ЕУ, вели известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл – односно фер шанса за почеток на преговори за членство во Европската унија, откако со негово и посредство на неговите колеги-европратеници Ричард Ховит и Едвард Кукан, како и на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, четирите најголеми политички партии во Македонија, вчера изутрина постигнаа договор за ставање крај на политичката криза во земјата.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Вајгл, кој учествуваше во сите преговори меѓу Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, договорот што беше постигнат вчера изутрина во Скопје меѓу четирите главни политички партии стави крај на политичката криза со која Република Македонија се соочи.
– Со договорот што беше потпишан од страна на лидерите на четирите најголеми политички партии, а со посредство на комесарот Хан и тројцата европратеници Вајгл, Кукан и Ховит, постои фер шанса за Влез на Македонија во ЕУ. Соработката меѓу Еврокомисијата, Европарламентот и Европскиот совет во овој процес беше ефикасна и продуктивна од самиот почеток. Сега, Македонија треба да се заложи за спроведување на реформите кои се очекуваат од земјата што се стреми кон евро-атланските интеграции, посочува Вајгл.
Според искусниот словенечки европратеник, политичкиот договор во Македонија меѓудругото вклучува враќање во парламентот на СДСМ, организација на нова влада што ќе подготвува избори што ќе се одржат на 24-ти април 2016 година и назначување на Специјален обвинител што ќе ги испита проблемите поврзани или кои произлегуваат од следењето на комуникациите, со кои, според Вајгл и започна политичката криза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.