Ферари му понудил 50 милиони долари на Хамилтон

Тимот на Ферари во Формула 1, како што пишуваат медиумите во понеделникот, му понудил на седумкратниот светски шампиони 38-годишниот Британец Луси Хамилтон 50 милиони долари за на крајот од сезоната да премине од Мерцедес во „Скудерија“.

Хамилтон повеќепати изјавуваше дека планира повторно да потпише договор со Мерцедес откако ќе му истекне договорот кон крајот на годината. Но британскиот таблоид The Daily Mail во понеделникот извести дека претседателот на Ферари, Џон Елкан бил „во близок контакт со Хамилтон“.

Во моментов Хамилтон го дели рекордот на сите времиња со седум титули во Формула 1 со легендарниот возач на Ферари, Германецот Микаел Шумахер.

Во меѓувреме Мерцедес се бори во првенството да го одржи чекорот со водечкиот Ред Бул и со Ферари. Тоа доведе до шпекулации дека Британецот бил можел да биде отворен за премин во Ферари, каде што моменталните возачи младиот Шарл Леклер од Монако и Шпанецот Карлос Саинц имаат договори до 2024 година.

Италијанскиот тим, наводно, започна преговори за договор со Леклер, но во круговите на Формула 1 се појавија и шпекулации за можна замена со Леклер во тимот на Мерцедес, а Хамилтон да биде со Саинц во тимот на Фереари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.