Фердинанд ќе пресече на крајот од актуелната сезона

Централниот дефанзивец на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд откри дека на крајот од актуелната сезона ќе ја донесе толку очекуваната одлука дали и понатаму ќе биде дел од фудбалскиот свет или ќе стави крај на богатата професионална кариера.

“Во овој момент не можам да дадам одговор на прашањето дали ќе играм фудбал и во следната сезона. И кога ќе ставам крај на мојата богата кариера, јас се гледам како дел од фудбалскиот свет. Можеби за неколку години, ќе бидам и менаџер на некој клуб кој се натпреварува во англиската Премиер лига”, изјави поранешниот репрезентативец на Англија кој на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер.