Ференцварош, Динамо и Олимпијакос во Лигата на шампионите

Фудбалерите на унгарски Ференцварош, киевски Динамо и грчки Олимпијакос изборија пласман во Лигата на шампионите, додека Гент, Омонија и Молде ќе го продолжат натпреварувањето во Лига Европа.

По возбудливиот натпревар во Новрешка кој заврши со резултат 3:3, во реваншот во Будимпешта Ференцварош и Молде одиграа без голови, па Унгарците се пласираа во најквалитетното европско натпреварување.

Гостите беа поблиску до победата, имаа неколку убави шанси, но домашните успеаја да се одбранат. Најубавата можност на Молде беше во 76 минута, кога Ерик Хестад беше сам пред голманот Денес Дибуш кој го сопре со одлична интервенција. Во 88 минута одлична можност имаше Ола Бдинхилдсен, но шутираше крај голот. Во последните помени гол постигна Мирто Узуни, но погодокот на Ференцварош беше поништен поради офсајд.

Киевски Динамо на домашен терен со 3:0 ја потврди победата над Гент од првиот натпревар со 2:1. Стрелци на головите неа Виталиј Бујалски во 9, Карлос Де Пења во 36 минута од пенал и Жерсон Родригез исто така од пенал во 49 минута.

Во Лигата на шампионите се пласираше и Олимпијакос кој во Пиреа ја совлада кипарска Омонија со 2:0, а во реваншот во Никозија одигра без голови.

Во среда се играат уште три натпревара од 4-то претколо: ПАОК – Краснодар (1:2 во првиот меч), Мидрјиланд – Славија Прага (0:0) и Салцбург – Макаби Тел Авив (2:1).