Фергусон го пофали Тен Хаг дека е на вистинскиот пат

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон ја пофали работата на Ерик тен Хаг во клубот од „Олд Трафорд“.

Тен Хаг го освои својот прв трофеј со Јунајтед, победувајќи го Њукасл со 2:0 во финалето од англискиот Лига куп.

-Ерик е на вистинскиот пат. Неговиот избор на засилувања беше навистина добар. Мислам дека ова одигра клучна улога, го цитира Фергусон „Манчестер ивнинг њуз“.

На 24 натпревари во Премиер лигата, Манчестер јунајтед освои 49 бодови и се најде на третото место во поредокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.