Фернандињо најави триумф на Сити и тоа сред Олд Трафорд

Бразилскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Фернандињо, ја подгреа атмосферата пред вечерашниот дерби натпревар од 32. коло англиската Премиер лига со изјавата дека не очекувал толку лоша игра од Манчестер Јунајтед на првиот меѓусебен дуел одигран на „Итихат”.

„Прв пат играв против Манчестер Јунајтед откако потпишав за Манчестер Сити. Јунајтед е клуб со историја, тим составен од одлични фудбалери, а дојдоа на “Итихат” како актуелни шампион на Англија. Искрено, бев изненаден, не очекував да одиграат толку лошо. Сити забележа многу лесна победа. Сега ситуацијата е малку поинаква, Сити се бори за шампионската титула, а Јунајтед веќе се прости од шампионската титула. Јунајтед ќе игра за чест, но без разлика, каде и да се игра дерби натпреварот, двете екипи сакаат победа. Идеме на победа, но свесни сме дека многу работи можат да се случат на “Олд Трафорд”. Ова е многу важен натпревар за нас”, изјави одличниот играч за врска.