Фернандо Алонсо се враќа во Формула 1

Фернандо Алонсо по третпат во својат кариера ќе вози во Формула 1 откако се согласи на двегодишен договор со Рено со опција истиот да се продолжи на уште една година. Шпанецот ќе биде дел од тимот со кој освои две светски титули (2005 и 2006 година) почнувајќи од сезоната 2021.

Алонсо се враќа во најбрзиот циркус 20 месеци откако го напушти, во меѓувреме со тимот на Тојота го освои ФИА Светското првенство, а двапати беше крунисан на Ле Ман. Алонсо во август планира да се трка на Индијанаполис 500, а потоа фокусот ќе го насочи кон камбекот во Формула 1.

Алонсо во Рено го менува Даниел Рикиардо, кој од сследната сезона ќе вози за Мекларен, додека колега во францускиот тим ќе му биде Естебан Окон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.