Ферстапен ја доби битката со Леклер во Џеда

Макс Ферстапен ги освои првите поени во новата Формула 1 сезона и тоа како победник на трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

Возачот на Ред Бул уште не стартот стигна од четвртото до третото место, а во завршницата влезе во директна пресметка со главниот ривал Шарл Леклер.

Актуелниот лидер во генералниот пласман неколку круга успеваше да се одбрани, но Ферстапен го претекна во 57. круг и ја задржа предност во наредните три за прва победа сезонава.

Зад Ферстапен и Леклер се најде Карлос Саинц, за кого ова е втор подиум сезонава, додека Серхио Перез тргна од пол-позицијата, но ќе мора да се задоволи со четвртото место.

Луис Хамилтон освои само поен со десеттото место, во трка во која тактизираше очекувајќи безбедносно возило за да промени пневматици, но кога беше активирано виртуелното безбедносно возило, болидите добија забрана за влез во боксовите поради позицијата на болидите на Алонсо и Рикардо кои ја завршија трката.

Меѓу петтото и деветтото место се најдоа Расел, Окон, Норис, Гасли и Магнусен кој донесе нови поени за Хас.

Леклер освои дополнителен поен поради најбрзиот круг на трката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.