Возачот на тимот на Ред Бул, Холаншанецот Макс Ферстапен, по трката за Големата награда на Велика Британија во неделата го обвини победникот на патеката „Силверстоун“, Британецот и актуелне светски првак Луис Хамилтон од Мерцедес, за неспортско однесување и немање респект кон својот ривал.
„За среќа, добро сум, но многу разочаран што бев отстранет од трката на овој начин. Казната не ни помогна и не беше соодветна за опасното движење на Луис на патеката. Ја гледав прославата од болницата – тоа е непочитување и неспортско однесување, но ние продолжуваме понатаму“, напиша Ферстапен на Twitter.
Холанѓанецот беше исфрлен од патеката по судирот со Хамилтон во првиот круг. Британецот доби казна од десет секунди за овој инцидент.