Ферстапен најбрз на квалификациите во Бразил

EPA/Fernando Bizerra Jr

Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на „Ред Бул“ го оствари во саботата најбрзото време во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Бразил која ќе се вози на патеката Интерлагос.

Ова е вторта „пол-позиција“ за Ферстапен во карирата, а во првиот ред ќе го придружува Германецот Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“.

Третото време во квалификациите го оствари шестократниот светски првак Британецот Луис Хамилтон од „Мерцедес“, четврт е Шарл Леклер од Монако во болидот на „Ферари“, а петти е Финецот Валтери Ботас од „Мерцедес“.

Трката во Бразил е претпоследна во сезоната.