Фестивал на нова музика „Здраво Млади“

Десет изведувачи од шест различни држави на две бини ќе настапат на седмото издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади“ што вечер ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје.
На фестивалот ќе настапт англиските бендови „Slowdive“, „Kite Base“ и „The Underground Youth“, гараж-панк бендот „King Khan & The Shrines“ од Канада, како и финската транс-рок-фри џез K-X-P.

Програмата курирана од страна на селекторот на Dis-Patch фестивалот од Белград, Реља Бобиќ ја сочинуваат „Kreidler“ од Германија, „Тапан“, „WoO“ и 33.10.3402 од Србија и пост-пост комбо „Демек“ од Македонија.