Фестивалот на цвеќето, многу активности за децата

65

Десетици одгледувачи на цвеќиња денеска се собраа во градскиот парк во Скопје за да учествуваат на цветниот фестивал. Под мотото „Скопје Цвета“ на креативен начин беше претставена разнобојноста на цвеќињата кои граѓаните ги сликаа и купуваа. На овој сончев ден најмногу му се радуваа најмалите кои сликаа цвеќиња. Од ЈП Паркови и Зеленило велат дека овој настан има своја порака.

Како што гледате, примарна цел на овој фестивал е поттикнување на децата и сите останати во Градот Скопје дека ние како претпријатие сме заинтересирани да имаме здрава животна средина во нашиот град, изјави Ардијан Муча, директор на ЈП Паркови и Зеленило.

Градоначалникот на Скопје рече дека граѓаните треба што повеќе внимание да им посветат на билките и да ги садат во нивните места каде живеат. Тој додаде дека колку повеќе зеленило имаме, ќе имаме толку помалку загадување.

Цветниот фестивал се организира по шести пат по ред и на него учествуваат 30 производители. Овој настан продолжува  и утре во централниот парк во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.