Фестивалот во Берлин отворен со филмот кој ја истражува темата на моќта и контролата

Филмот „Петер фон Кант, кој зборува за посесивен однос на режисер со млад актер, ја тематизира моќта која ја имаат режисерите над актерите, прашање кое е актиелно во ерата на движењето #MeToo, рече режисерот Франсоа Озон.

Озон рече дека сакал да им ги постави овие прашања на режисерите и публиката, четири години откако движењето #MeToo ја потресе светската филмска индустрија.

„Има нешто универзално…. во сите тие прашања за контролата, манипулацијата и односите на доминација. Како режисери, имаме обврска да си ги поставуваме тие прашања бидејќи се во позиција на моќ“, рече Озон на прес-конференцијата во Берлин.

Движењето #MeToo, кое започна во 2017 година со обвинувања за сексаулно злоставување од страна на успешниот и прославен холивудски продуцент Харви Вајнстејн, поттикна стотици актерки и актери да зборуваат, но честопати и неосновано, за тоа како наводно биле злоставувани од моќниците во филмската индустрија.

„Петер фон Кант“, всушност римејк на германиот филм од 1972 година „ The Bitter Tears of Petra von Kant“високо стилизираната приказна на Рајнер Вернер Фасбиндер за три жени заклучени во токсичен триаголник на љубовта: љубомора, доминација и потчинување. Приказната и голем дел од дијалогот сега се исти; но Озон ликовите ги менува во мажи., зборува за угледен филмски режисер кои се вљубува во Амир, многу помлад маж од сиромашно семејство. Во него играат Дени Меноше и Изабел Аџани.

Фон Кант го заведува Амир со шампањ и ветувања за слава, но кога момчето ненадејно ќе постигне голем успех тоа ќе го промени неговиот однос со посесивниот покровител.
Озон изјави дека сакал да покаже како љубовта го менува односите на моќта.

„Нештата стануваат нејасни бидејќи не се црно-бели, мислам во нивната работа и љубовните односи“, вели режисерот.

Озон рече дека на оригиналниот филм се сетил поради пандемијата, омајќи предвид дека дејствието се одвива речиси исклучиво во каустрофобичен стан.

Филмот е селектиран во официјалната главна конкуранција и ќе се натпреварува за главната награда Златна мечка, којашто ќе биде доделена во среда.