Фетаи барала притвор за „Монструм“, а Русковска за Мијалков не

Македонските обвинители како да учеле од различни учебници, може да се претпостави откако имаме две различни постапки во двата големи случаи, особено во барањето на притвор како мерка за обезбедување и спречување бегство на обвинетите.

Така, обвинителката Фатиме Фетаи од Кривичниот суд бараше притвот за двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро, по нејзината оцена дека постои опасност од бегство поради приближувањето на крајот на судскиот процес „Монструм“. Така судот го прифати барањањето за Фејзи Азири и Агим Исмаиловиќ, кои во понеделникот се прогласени за виновни, по пшто постапуваше полицијата.

Од друга страна, пак, шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска во синоќешното интервеју во емисијата „360 степени“ на Алсат-М телевизија, појаснуваше дека доколку во петокот обвинителството побарало притвор за обвинетите во случлајот „Таргет Тврдина“, меѓу кои сега е и бегалецот Сашо Мијалков, тоа ќе било протолкувано како прејудицирање на пресудата. Русковска, исто така, во понеделникот објаснуваше дека од „свои извори“ дознала дека е можно бегство на Мијалов само ден по рочиштето во петокот, па потоа обвинителството барало мерка притвор.

Сепак, како што покажува хронологијата на настаните и изјавите на одговорните институции, потегот на поранешниот директор на УБК не можело да не биде подготвуван подолг период, во смисла на обезбедување начин за минување на државната граница, како и локација на којашто ќе се засолни. Но, ете, ниту „изворите“ на Русковска за тоа се „дознале“ многу доцна.