Фетел не треба да се појави на трката во Австралија

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Жак Вилнев, верува дека Ред Бул не е во состојба да заврши ниту половина од трката за Гран при наградата на Австралија во Мелбурн и дека на Себастијан Фетел би му било подобро воопшто да не се појавува на стартот.

„Фетел сигурно нема да победи . По мене Рено не е конкурентен и нема да ја заврши трката . Дури и ако Ред Бул го поправи болидот за европските трки , ништо нема да се промени . Според мене  проблемот не е во болидот, туку во моторот” , изјави светскиот првак од 1997 година.

Според него, тимот на Вилијамс e во подобра позиција од Ред Бул, бидејќи има мотор на Мерцедес , а од сезонава во нивниот болид ќе седне Бразилецот, Фелипе Маса.

„Вилијамс има мотор на Мерцедес и затоа се подобри. Ова е добро за Маса, кој ќе има шанса да се бори за титулата сезонава. Мислам дека Маса има реални шанси да го направи она што го пропушти во 2008 година, кога за влакно му избега титулата”, додаде Канаѓанецот.