Фетел оптимист: Ќе бидеме посилни на „Спа“ и „Монца“

Тимовите од Формула 1 (Ф1) се согласија следната сезона, во 2020 година, во календарот да има рекордни 22 трки, една повеќе од досегашните 21, изјави Тото Волф, шефот на тимот Мерцедес.

 Во календарот за следната сезона нови трки ќе бидат трката за големата награда (ГН) на Виетнам во Ханој и на Холандија во Зандворт, а најверојатно ќе испадне трката за ГН на Германија во Хокенхајм.

Според најавите, сезоната 2020 ќе почне на 15 март со трката во Австралија, на патеката во Мелбурн, со што ќе почне и одбележувањето на 70-годишнината на Ф1.
Во неделата, во 12-та трка сезонава, на патеката Хунгароринг во Унгарија победи Луис Хамилтон, пред Марк Ферстапен и Себастијан Фетел. Тоа е осма победа сезонава за Хамилтон и седма за него во Унгарија. Хамилтон води во генералниот пласман на возачи со 250 бода, пред Валтери Ботас со 188, Ферстапен со 181 бод итн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.