Фетел прв стаса на целта во Канада, победата доделена на Хамилтон

65

Брританскиот возач во светскиот шампионат во Формула 1, Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ ја оствари својата 78-ма победа во кариерата и седма на птаката „Жил Вилнев“ во Монтреал, иако целта прв ја мина Германецот Себастијан Ферел во болидот на „Ферари“, но поради казна од пет секунди мораше да се задоволи со второт место.

Решавачкиот момент во петтата победа сезонава на Луис се случи во 48-от круг, кога Фетел заврши на тревата а при враќањето на патеката му го затвори патот на Хамилтон кој со него водеше борба за водечката позиција.

Судиите се советуваа во следните десет кругови, а потоа одлучија да го казнат Германецот со пет секунди додавање на вкупното време. Знаејќи за казната на Фетел, Хамилтон лесно се доржа на заостанување помало од пет секубнди и на тој начин си ја обезбеди третата последователна победа, а петта вкупно сезонава.

Зад Фетел и Хамилтон трет на целната рамнина мина вториот возач на „Ферари“, Шарл Леклер од Монако, додека вториот пилот на „Мерцедес“, Финецот Валтери Бораст трката ја заврши на четвртото место.

Хамилтон по седмата од 21 трка во календарот за Светското првенство, и има 162 бодови, 29 повеќе од второпласираниот Ботас, Трет е Фетел со 100 бодови, а четврти е Макс Верстапен од „Ред Бул“ со 88 бодови.

Во пласманот за конструктори води „Мерцедес“ со 294 бодови, на второто место е „Ферари“ со 172, на третото е „Ред Бул“ со 124 бодови.

Следна трка се вози по две седмици во Л“Кастеје, каде што возачите ќе се натпреваруваат за Големата награда на Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.