Фетел – Раиконен е формулата за успех на Ферари

Она за што се говореше подолг период конечно се оствари – Себастијан Фетел и официјално е нов член на Ферари.

„Да дојдеш во Ферари, тоа е исполнување на детскиот сон. Штета што го нема Енцо Ферари. Ќе бидам дел од нешто специјално и тоа сигурно ќе ми донесе нова мотивација. Црвената Армија ми беше омилена уште како дете, а се восхитував на настапите на Михаел Шумахер во овој тим“, изјави Себастијан Фетел.

Тој ќе вози заедно со Кими Раиконен, додека Фернандо Алонсо најверојатно ќе се пресели во тимот на Мекларен.