7.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ФФМ до навивачите: Импресивно беше да се види како над 20.000 луѓе безусловно ја сакаат и бодрат Македонија – од првата до последната минута

Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите кои присуствуваа на трибините на натпреварот Македонија-Бугарија.

-Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија. Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија. Од првата до последната минута, велат од ФФМ.

Истакнуваат жалење што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но велат длабоко се убедени дека ќе бидат на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе има причина за славје пред полни трибини на Националната арена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.