ФФМ е максимално подготвена за организација на мечот со Косово

Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ на вечершнoто интервју за МТВ важни детали за ПМФЛ, се осврна и за претстојниот бараж дуел за пласман на ЕВРО 2021 меѓу Македонија и Косово.

Нашата федерација е подготвена да го организира еден ваков меч на највисоко ниво, со и без публика.

„ФФМ е максимално подготвена за организација на таков натпревар, без разлика кога и да се одигра. Секако ќе беше подобро тој да се одиграше во март а сега ние да бевме учесници на ЕВРО 2021, но што е тука е. Секако дека имаме потенцијал како Федерација да го организараме овој натпревар на највисоко ниво, па не заборавајте дека ние организиравме и Супер Куп пред три години и тоа на највисоко ниво. Тука се нашите партнери, од МВР па сите останати сега да не ги набројувам. Имаме две предвидени сценарија, едното е организација на овој меч со публика, а второто е без публика. Се разбира дека секој ваков натпревар си има свои специфичности, но реков веќе, ФФМ има потенцијал, искуство, ова да го организира на задоволство на сите“ рече Поповски.