Фудбалската Федерација на Македонија ќе ги донира сите приходи од претстојниот натпревар на репрезентацијата до 21 година помеѓу Македонија и Португалија за погодените од катастрофалните поплави во Србија, БиХ и Хрватска.
Натпреварот ќе биде одигран на 23.05.2014 година на Националната Арена Филип Втори во Скопје со почеток во 18.00 часот, а билетите по симболична цена од 50 денари се веќе пуштени во продажба низ продажната мрежа на МК Тикетс