5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ФФМ се прости од Буштур: Невозможно е да се опише неговиот придонес за спортот

Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи се прости од Благоја Георгиевски – Буштур кој синоќа загина во сообраќајна несреќа во скопска Кисела Вода.

-Невозможно е во еден текст да го опишеме неговиот придонес за македонскиот спорт. Беше визионер и градител. Легенда. Ни остануваат спомените, приказните, сеќавањата и сведоштвата за Буштур како кошаркар и како човек. Вечна слава. Почивај во мир, легендо, напиша ФФМ на Фејсбук.