ФХ3Х вплеткаа прсти и во најпознатиот полицаец на светот

Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х  беше дел од тимот на изработката на ефектите на најпознатиот полицаец на светот RoboCop, резултат на соработката со Method Studious која започна во 2013-та година. На филмот работеа 22 артисти на 112 кадри со должина од 18 минути.

Оваа научно-фантастична акција на Jose Padilha, се одигрува во 2028 година, во Детроит, каде Joel Kinnaman, во улога на Марфи,  сакан сопруг, татко и добар полицаец е критично повреден за време на полициска задача. Мултинационалниот конгломерат OmniCorp веднаш ја искористува шансата да креира полу-човек, полу-робот полицаец. Останатата актерска екипа ја сочинуваат Gary Oldman, Michael Keaton и Samuel L. Jackson.

Филмот премиерно ќе се прикаже на шести февруари во киното Cineplexx, една недела пред американската премиера на 12, иако првиот викенд на прикажување во Малезија, Тајван и Сингапур ги израдува MGM и Columbia Pictures со заработка од 5,5 милиони американски долари, што покажува на нов Холивудски хит блокбастер за почеток на 2014.