Фијаско на Шилегов во Гази Баба, се фалеше со демагогија пред 10 луѓе, најдоброто за нашиот град е Шилегов да си оди

72

Фијаско на градоначалникот Петре Шилегов во Гази Баба. Се фалеше со празна демагогија пред едвај 10 луѓе, додека Општината Гази Баба тоне во долгови и неработа, се вели во рекацијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов бил избркан од граѓаните, а еве ја причината: Шилегов за Гази Баба вети и излажа нов булевар „Хрватска“. Вети и излажа ревитализација на парк шумата Гази Баба, која сега е окупирана од локални бизнис моќници. Вети и излажа натпатник кај Алкалоид. Вети и излажа чист воздух, наместо тоа доби загаден воздух и заживување на дивата депонија Вардариште. Денес Шилегов требаше да одговори како дозволи масакар на дрвата кај „Орце Николов“ наместо да се брука на очајната средба во Гази Баба“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најдоброто за град Скопје е Шилегов да си оди, додаваат од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.