Меѓународната автомобилистичка федерација ја ограничи радио комуникацијата на пилотите со своите тимови и овие правила ќе важат уште од наредната трка за ГН на Сингапур. Оваа одлука е донесена со цел возачите да можат слободно да одлучуваат на патеката.
Кодираните пораки веќе нема да можат да се користат и е објавен список на видови на пораки кои можат да се употребуваат. Дел од овие дозволени пораки се за изборот на гуми при влегувањето во боксот и информации за одредена стратегија на самиот возач.
Според правилникот на Формула 1, возачите мораат сами да управуваат без никаква помош од страна. Некои од овие забрани ќе започнат да бидат користени и на трката во Сузука, Јапонија.