21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Фиала: Честитики за Македонија и Албанија за овој успех, иднината на ЕУ е со вас

Ви посакувам што е можно побрзо да се придвижите кон нашето семејство, изјави премиерот на Чешка, Петр Фиала како претставник од чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

Сите, порача Фиала, ќе бидеме посилни токму поради вашиот избор што неколкупати беше ставен на тест, нагласувајќи дека особено го ценат тоа што стоиме заедно со ЕУ и нејзините политики соочени со руската агресија.

– Во денешна Европа мора да бидеме здружени што е можно повеќе. Чешка секогаш го поддржуваше проширувањето на ЕУ на Западен Балкан и тоа така и ќе остане. Почестени сме што ваков напредок се случува токму за време на нашето претседателство, но сепак мора да се заблагодариме и на француското претседателство за напорната работа и посветеноста, кои што ни дозволија да дојдеме до овој историски момент, истакна Фиала.

Република Чешка и цела Европа, Фиала посочи дека ја разбираат важноста од евроинтеграциите за нашите демократии, безбедност и развој на нашите економии.

Република Македонија денеска ќе ја одржи првата меѓувладина конференција со Европската унија, закажана во 9:30 часот во Советот на Европската Унија, на која како предводник на македонската делегација ќе се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.