Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) во петокот, пет дена по завршувањето на Светското првенство на кое германската репрезентација ја освои титулата, објави нова ранг-листа на која САД го зазедоа првото место и покрај тоа што останаа без медал во Манила и се пласираa на четвртото место со три пораза.
На врвот се искачија САД со 786,6 бодови, претекнувајќи го европскиот првак Шпанија, која одбраната на светската титула освоена пред четири години ја заврши со елиминацијај во второто коло од групната конкуренција, и сега е на второто место со 778,2 бодови.
Новиот светски шампион Германија направи скок од осум позиции и првпат во својата кошаркаска историја се најде меѓу трите најдобро рангирани нации според ФИБА, на третото место со 759,7 бодови.
Сребрениот финалист во Манила, селекцијата на Србија, за едно место го подобри своето рангирање и сега е петта со 755,6 одови
Голем скок од 15-то на шестото место оствари Канада, која во Манила ја освои бронзата, прв медал од светските првенства, додека најпријатно изненадување на Светското првеснтво беше Летонија, која го подобри својот пласман за дури 22 места и сега е осма.
Национална селекцијата која скокна за најмногу места е на Јужен Судан, која од 63-то стигна до 31-та позиција, благодарение на тоа што како најдобра африканска репрезентација на овој Мундијал се пласираше на Олимпските игри следната година во Париз.
ФИБА РАНГ (претходнот пласман е даден во заградата):
1. (2) САД 786.6
2. (1) Шпанија 778,2
3. (11) Германија 759,7
4. (3) Австралија 755,8
5. (6) Србија 755,6
6. (15) Канада 745,5
7. (4) Аргентина 743,8
8. (30) Латвија 743,7
9. (5) Франција 736,3
10. (8) Литванија 715,5