Фич го зголеми рејтингот на Македонија на ББ+

Кредитната агенција Фич го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+. Тоа е прво подобрување на кредитниот рејтинг на нашата земја после 13 години. Како што истакна на вчерашната прес конференција министерот за финансии Драган Тевдовски, кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во една земја и е еден од клучните индикатори кои ги земаат предвид потенцијалните инвеститори при носење на нивните одлуки.
„Подобрениот кредитен рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што влијае за повисок економски раст, поголем извоз, зголемена вработеност и повисоки плати“, рече Тевдовски.
Фич нотира и дека ова влијаело за понатамошен напредок кон членство во НАТО и кон отворање на преговорите за членство со Европската Унија, што ја зајакнува довербата на инвеститорите. Позитивно се оценети преземените мерки за подобро управување со јавните финансии, особено повисоката буџетска транспарентност и воведувањето на фискално правило за општините“, рече советникот на министерот за финансии Рилинд Кабаши.
Фич нотира дека рејтингот ББ+ е поддржан од историјатот на кохерентна макроекономска и финансиска политика, како основа на долготрајниот фиксен девизен курс.