„Фич“: Кредибилната политика на Народната банка резултира со ниска инфлација и финансиска стабилност

Македонската економија се карактеризира со ниска инфлација и финансиска стабилност како резултат на водењето кредибилна финансиска и макроекономска политика, конзистентни со стратегијата на стабилен курс на денарот во однос на еврото. Денарот е стабилен и на долг рок нема фактори коишто би влијаеле на нарушување на неговата стабилност. Банкарскиот сектор има силна основа и покажаотпорност во пролонгирани периоди на политичка несигурност и во текот назначајни економски шокови,вклучително и во текот на пандемијата на коронавирусот. Со намалувањето на основната каматна стапка, Народната банка обезбеди ликвидност којашто овозможи поголема кредитна поддршка за економијата. Се очекува монетарната политика да остане олабавена и во текот на следната година.

Ова се главните оценки на рејтинг агенцијата „Фич“ во најновиот извештај за земјава во кој се оценува и монетарната политика.

Во однос на домашната валута, во извештајот на „Фич“ се нагласува дека фиксната врзаност на денарот со еврото е добро поставена и дека одговорот на Народната банка во изминатиот период од отпочнувањето на коронакризата наваму е во согласност со политиката на избегнување девизни притисоци.

Агенцијата го нагласува значањето на монетарното олабавување од март минатата година наваму, заради засилената кредитна поддршка за реалниот сектор. Истовремено, се оценува дека инфлациските притисоци остануваат умерени, имајќи ја предвид и стапката од 2,1% на годишно ниво во март.

– Очекуваме монетарната политика да останеолабавена во текот на 2021-2022 година, со оглед на политиката на Европската централна банка – напоменуваат од „Фич“.

„Фич“ оценува дека банкарскиот сектор не доживеа притисок врз ликвидностакредитната активност продолжи, а фундаментите останаа силни.

– Системот е соодветно капитализиран и профитабилен – сметаат од „Фич“.

Истовремено, нагласуваат дека нефункционалните кредитисе намалија на 3,4% на крајот на 2020 година, во споредба со крајот на 2019 година, кога тие беа на ниво од 4,6%.