ФИФА обезбедила за играчите апликација за менталното здравје

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА во соработка со Calm ќе им осигури на сите играчи, стручни штабови, работници и волонтери на Светското првенство во Катар бесплатна претплата на споменатата апликација за ментално здравје.

ФИФА објави дека Calm апликацијата за спиење, медитација и опуштање, ќе биде „службен производ за свесност и медитација“ на Светското првенство 2022, Светското првенство за жени 2023 и Купот на нациите 2023.

Како дел од соработката, сите играчи, тренери и стручен персонал кои учествуваат на мундијалот во Катар ќе ги добијат бесплатните претплати на Calm за да им се помогне за подготовки за натпреварите.

„Душевното и физичко здравје се рамноправни партнери во заедничката благосостојба на личноста, а грижата за двете мора да се смета за системски дел од грижата за фудбалското семејство. Како спортска заедница, мораме да создадеме опкружување кое подобро ја поддржува менталната благосостојба и менталното здравје. Благосостојбата на фудбалерите на сите нивоа од играта секогаш била и секогаш ќе биде главен приоритет на ФИФА, како што може да се види од оваа соработка“, изјави Ендрју Масеи, директот за медицина при федерацијата.

ФИФА е посветена на користењето на фудбалот како алатка за поддршка на менталното здравје на глобално ниво преку својата алатка #ReachOut, осмислена за подигнување на свеста за симптомите на состојбата на менталното здравје, поттикнување на луѓето да побараат помош кога им е потребна и преземање активности секој ден за подобрување на состојбата на менталното здравје.