ФИФА одлучи клубовите сами да одлучат дали ќе ги пуштат фудбалерите за репрезентативните настапи

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи клубовите може да им забранат на фудбалерите да патуваат за репрезентативните обврски кои следуваат во мартовскиот термин и стартот на квалификациите за пласман на СП во Катар 2022 година.

Клубовите може да им забранат на фудбалерите да одат на репрезентативен собир во одредена држава, ако при враќање од таа држава потоа мораат да одат во карантин кој ќе биде барем пет дена. Велика Британија, но и други европски земји не дозволуваат влез на жители кои се од земји што не се дел од Европската унија и тоа може да преставува голем проблем за нашата земја на стартот од квалификациите.

Македонија првиот меч од квалификациите ќе го игра на 25 март на гости кај Романија, а три дена подоцна сме домаќини на Лихтенштајн.

Последниот меч од мартовскиот циклус ќе го заокружиме на 31 март на гости кај големата фудбалска велесила Германија.