ФИФА одобри пет замени на играчите

Комисијата за носење правила во фудбалската игра (IFAB) во петокот одобри воведување на правилото за пет наместо досегашните три замени на играчите, а оваа привремена одлука стапува на сила веднаш, објави во заедничкото соопштение ФИФА.

Привремениот амандман на членот 3 во правилата на фудбалската игра, ќе може да биде применет во сите лига кои продолжуваат со натпреварувањата по паузата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Натпреварувањата коишто ќе го применуваат амандманот можат да го користат до крајот на оваа календарска година.

Меѓународната фудбалска асоцијација и IFAB до тогаш ќе одлучат дали опцијата со пет можни замени на натпревар ќе продолжи да се применува до крајот на 2021 година, што го вклучува и Европското првенство коешто требаше да биде одржано годинава, а е одложено за следното лето.