ФИФА одобри уште една модерна револуција во фудбалот: Офсајд со 3D анимација на СП во Катар (Фото)

Светското првенство во Катар ќе биде никулец на една нова ера во модерниот фудбал, која ќе биде збогатена со нова технологија, овојпат поврзана за правилото кое прави клучна разлика во оваа игра.

По имплементирањето на гол-технологијата и ВАР системот, претстојниот мундијал во Катар ќе биде место за промовирање на полу-автоматскиот офсајд, кој сега беше одобрен од страна на Управниот Одбор на интернационалната фудаблска Федерација.

ФИФА информира дека судиите ќе имаат огромна помош во вид на 3D технологија и ќе добијат сигнал за недозволена ситуација, а потоа офсајдот ќе им биде прикажан и на фудбалските фанови кои се на стадионот, а не само на оние кои се пред ТВ приемниците.

– Полуавтоматската офсајд технологија ќе се користи на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Системот обезбедува автоматско предупредување за офсајд до судискиот тим на натпреварот преку видео. 3D анимацијата ќе ја подобри комуникацијата со навивачите на стадионот и гледачите.

Технологијата ќе функционира слично како ВАР, односно ќе се вклучува само при многу тесна ситуација, при што ќе биде активирано таканаречено „портокалово знаме“ и од тој момент ќе има комуникација меѓу главниот судија и оние во ВАР собата. 3D снимката ќе го даде конечниот одговор за тоа дали ситуацијата е офсајд или не, па по 25 секунди треба да се даде целосната слика во анимирана верзија.