ФИФА отвори дисциплинска постапка против Хрватска поради навивачите

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори во вторникот дисциплинска постапка против хрватската репрезентација поради однесувањето на навивачите на натпреварот на Светското првенство во Катар против Канада, јавува агенцијата Associated Press.

Хрватските навивачи го навредуваа канадскиот голман Милан Борјан, кој има српски корени за неговите претходно изјави за војната во Хрватска од 1990-те кои беа оценети како непримерни.

Откако на социјалните мрежи се појави снимка на којашто хрватските навивачи му довикуваат „Борјане усташо“, алудирајќи на неговото потекло од Далманција, по дуелот во кој Хрватска победи со 4:1, на трибините се појавил транспарент со навредлива содржина, проследен и со навредливи извици, пишува AP.

Борјан по натпреварот изјави дека добил многу пораки од гневните хрватски навивачи откако пред натпреварот на интернет беше објавен неговиот телефонски број.

Истовремено висока казна доби и германската репрезентација поради кршење на правилата на прес-конференцијата. Германците ќе треба да платат 10.150 евра бидејќи ги прекршија правилата на прес-конференцијата пред мечот со Шпанија. Според правилата на ФИФА, тренерот и еден од играчите мора да бидат присутни на средбата со медиумите, но се појави само тренерот Ханси Флик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.