ФИФА се откажа од проширувањето на мундијалот за 2022-та

Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА во средата објави дека на следното Светско првенство за сениори кои ќе се одрќи во Катар во 2022 годинаи, сепк ќе играат 32 репрезентации, а не 48 како што беше желбата на претседателот Џани Инфантино.

„Во согласност со заклучоците од студијата изводливост која ја одобри Извршниот одбор на својата последна седница, ФИФА и Катар ги истражија сите можност за проширувње на бројот на земјите учесници со 32 на 48 и тоа со вклучувањето на соседните земји во организацијата. По процесот на консултации во кој беа вклучени релевантните фактори, заклучено е дека имајќи ја предвид сегашната состојба таквиот предлог е невозможно да се реализира“, се наведува во одлуката.

Оттаму, на следниот конгрес на ФИФА, кој ќе се одржи на 5-ти јуни, проширувањето нема да бид ниту предложено, се наведува уште во соопштението на ФИФА.