ФИФА суспендира тројца фудбалери поради допинг

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) соопшти денеска дека суспендирала тројца руски фудбалери поради кршење на антидопинг правилата.

Иван Књазев и Дарија Мешчерјакова се суспендирани на две години, додека на Владимир Обухов му е изречена шестмечна казна.

Обухов доби помала казна, бидејќи го признал кривичното дело и „значително помогнал“ во текот на истрагата во рамки на која, како што е соопштено, ФИФА и Светската антидопинг агенција пронашле „уверливи докази“ за користење метандиедон и фуросемит.

Обухов е член на руската екипа Ростов и е поранешен руски младински репрезентативец, а настапи за младинските селекции има и голманката Мешчерјакова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.