Фифи, тема на собраниска расправа

На денешната расправа за Законот за медиуми, пратениците Јани Макрадули и Антонио Милошески во дуелот, ја споменаа и Фифи која на пошироката јавност и е позната по учество  на музичкот шоу „Икс Фактор.“

Во својот „напад“,  Макрадули истакна „зошто да не ја цениме Фифи по тоа како пее, туку како се претставува?“

На ова, Милошоски во одбрана на Законот за медиуми меѓудругото му реплицираше на Макрадули: „ По однос на тој/таа Фифи не сме ја гледале, до полноќ работевме на Комисија. Ако  ви се свиѓа и сакате да ја промовирате, земете ја Фифи дома, земете ја во кампања и промовирајте ја во изборната програма.“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.