Прекрасниот италијански модел, Рафаела Фико вети дека ќе му дозволи на контроверзниот напаѓач на Милан, Марио Балотели, во живо да се запозне со неговата ќерка Пиа.
Репрезентативецот на Италија пред неколку дена и официјално потврди дека ги добил резултатите од тестот за татковство и истите покажале дека прекрасната Пиа е негова ќерка.
„Марио плачел, покажал емоција? Искрено, не ги видов солзите на Марио, бев на работа. Јас нема да правам проблеми, ако сака, јас сум подготвена да ја однесам мојата ќерка и во Миланело. Се што треба да направи е да каже дека сака да се запознае со Пиа. Подготвена сум да дојдам и во Милано”, изјави Фико.