Филаделфија испушти победа, највозбудливо во Њу Орлеанс

Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ постигна 22 поени со 10 скокови и две асистенции, и беше најдобриот играч на Филаделфија 76ерс на гостувањето кај Мемфис на кое беа поразени со 101:105, иако во 36 минута имаа водство од 15 поени.

Феникс Санс беа поразени од Милвоки Бакс со 105:109, а домашната екипа а водеше Џо Пранти, досегашниот помошник на Џејсон Кидс, кого клубот го отпушти по три и пол години соработка во кои Бакс двапати изборија место во плеј-офот.

Највозбудлива беше завршницата во Њу Орлеанс, каде што Пеликанс по две продолженија ги совладаа Чикаго Булс со 132:128. Булс на истекот од регуларното време имаа можност да победат, но Џастин Холидеј погоди две од трите слободни фрлања и го одведе мечот во првото продолжување. На крајот од првото доигрување напад за победа не релизираше Њу Орлеанс, но тоа го надомести во второто продолжение. Пеликанс до победата ги водеше Демаркус Кузинс со 44 поени, дури 24 скокови и 10 асистенции.

Во осумте натпревари одиграни ноќта кон вторникот единствена гостинска победа остварија кошаркарите на Минесота Тимбервулфс кои славеа со 126:118 кај Лос Анџелес Клиперс. Најголеми заслуги за победата имаше Ендрју Вигинс кој постигна 40 поени На Клиперс не им помогна ниту „трипл-даблот“ на Блејк Крифин со 32 кошови, 12 скокови и 12 асистенции.

Во другите натпревари беа постигнати следните резултати: Далас – Вашингтон 98:75, Хјустон – Мајами 99:90, Атланта – Јута 104: 90, Шарлот – Сакраменто 112: 107 и Денвер – Портланд 104: 101.

Табели

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија
1. Бостон 34 13
2. Торонто 31 14
3. Филаделфија 22 21
4. Њујорк 21 26
5. Бруклин 18 29

Централна дивизија
1. Кливленд 27 18
2. Индијана 25 22
3. Милвоки 24 22
4. Детроит 22 23
5.Чикаго 18 29 .383 10

Југоисточна дивизија
1. Мајами 27 20
2. Вашингтон 26 21
3. Шарлот 19 26
4. Орландо 14 32
5. Атланта 14 32

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дивизија
1. Минесота 31 18
2. Оклахома Сити 26 20
3. Портланд 25 22
4. Денвер 24 23
5. Јута 19 28

Пацифичка дивизија
1. Голден Стејт 37 10
2. ЛА Клиперс 23 23
3. ЛА Лејкерс 17 29
4. Феникс 17 30
5. Сакраменто 13 32

Југозападна дивизија
1. Хјустон 33 12
2. Сан Антонио 30 18
3. Њу Орлеанс 25 21
4. Мемфис 17 29
5. Далас 16 31