Филе: Новите закони спротивни на обврските на Украина пред Европската унија

Европскиот комесар за проширување и европска политика Штефан Филе напиша во својот профил на социјалната мрежа „Твитер“, дека новопримените закони во Украина се во целосна спротивност со обврските на земјата кон Европската Унија, јави „УНИАН“.

„Поправките на законот што поминаа на гласањето во Врховната Рада, ги ограничуваат граѓанските слободи во Украина и се во целосна спротивност со европските аспирации на Украина и обврските на земјата предвидени од Спогодбата за асоцијација со Европската унија“, тврди Филе.