Филхармонија ве кани на концерт по повод 1000 години на Бигорскиот Манастир

Филхармонија има чест да Ве покани на посебен културен настан, свечен концерт по повод големиот јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години од неговото основање.

Концертот ќе се одржи на 23 септември (среда), во Големата сала на Филхармонијата, со почеток во 20 часот.

Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат: Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).

На концертот ќе бидат изведени стари македонски изворни композиции.