Филип Морис Интернешнл вклучен во Светскиот индекс за одржливост на Dow Jones

Компанијата Филип Морис Интернешнл (ФМИ) за првпат е вклучена во Dow Jones Sustainability World индексот и четврта последователна година во Dow Jones Sustainability композитниот индекс за Северна Америка. Светскиот индекс на одржливост на Dow Jones е едно од најугледните мерила за перформансите на одржливоста на компаниите ширум светот, како што е идентификувано од S&P Global преку годишната проценка на корпоративна одржливост (CSA). Светскиот индекс ги вклучува првите 10 проценти од најголемите 2.500 компании на глобалниот прошиен пазарен индекс на S&P, врз основа на долгорочни економски, еколошки и социјални критериуми.

„Инвеститорите и другите финансиски засегнати страни даваат сè поголема вредност на сигурните и навремени мерки за одржливост“, рече Емануел Бабо, главен финансиски директор на ФМИ. „ESG рејтинзите се еден дел од влезната база на податоци за многу институционални инвеститори. Преку нашиот годишен интегриран извештај и сè посилните процеси и иницијативи кои го поткрепуваат, целта ни е обезбедиме сеопфатен и опширен поглед на нашиот учинок, во сите најважни прашања за одржливост за нашиот бизнис“.

ФМИ постигна 85 од 100 поени во S&P Global CSA2 за 2023 година, што покажува значителен пораст од 21 поен, откако првпат почна да се занимава со рангирањето во 2018 година. Ова е прва година Филип Морис Интернешнл да забележи највисок CSA резултат од 13 компании, кои се оценуваат во тутунската индустрија од страна на S&P.

Признанието за најдобар учинок за одржливост во класата на ФМИ, не само што е признато од S&P, туку ISS ESG Corporate Rating му додели на ФМИ „Prime“ статус, според нивната методологија на оценување. Овој статус им се доделува на компаниите со ESG перформанси над прагот специфичен за секторот, што значи дека ги исполнуваат амбициозните апсолутни барања за учинок. Според ISS, „Prime“ рејтингот ги квалификува компаниите за одговорно инвестирање. До денес, ФМИ е единствената компанија во тутунската индустрија која некогаш добила квалификација со Prime статус.

„Признанието за напорната работа, упорноста, длабоката посветеност на одржливоста, влијателните перформанси и најдоброто известување во својата класа му овозможуваат на ФМИ да биде препознаен однадвор поради своето лидерство во перформансите на одржливост и транспарентност. Ние сме единствената компанија во нашиот сектор вклучена во Dow Jones Sustainability World Index и за првпат ја донесовме тутунската индустрија на оваа листа. Сакаме да создадеме нето позитивно влијание кое ќе ѝ користи на нашата компанија, акционерите, потрошувачите и општеството. Ова признание сигнализира дека сме на вистинскиот пат. Нашиот пристап кон одржливост е длабоко вграден во нашата корпоративна стратегија и е вистинска можност за иновации, раст и креирање на долгорочна вредност, засновано на целите и влијанието“, изјави Џенифер Мотлс, главен директор за одржливост во ФМИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.