Филип тврди дека нама да има приоритети во пристапот до вакцината против коронавирусот

Францускиот премиер Едуар Филип порача во четвртокот дека добил гаранции дека нема да има одредени земји кои би добиле предност во пристапот до вакцината против Covid-19, како што во средата можеше да се насети од изјавата на челникот на француската фармацевтска компанија „Sanofi“.

Коако што рече премиерот, тој од „Sanofi“ ги добил „сите потребни гаранции“ за достапноста на вакцината во Франција кога таа ќе биде произведена.

„Како што рече претседателот Емануел Макрон, вакцината против Covid-19 мора да биде јавно добро. Нема преговори за рамноправен пристап до вакцината за сите нас“, напиша на Twitter, премиерот Едуар Филип.

Францукста фармацевтска компанија „Sanofi“ соопшти во средата дека ќе им даде предност на САД кога ќе биде направена вакцината против заболувањето што го предизвикува новиот коронавирус, бидејќи оваа земја преку партнерството го споделува ризикот во истражувањата.

Директорот на „Sanofi“, Пол Хадсон, за агенцијата Bloomberg изјави дека американската влада „има право на најголемите преднарачки“, бидејќи заедно со овој фармацевстки гигант го презема ризикот во истражувањата и развојот на вакцината. Хадсон рече дека САД први ќе ја добијата вакцината бидејќи „вложија за да се обидат да го заштитат населението“. Ќе имаат предност од неколку дена или неколку седмици пред другите земји, појасни.

Од компанијата во четвертокот се обидоа да се оправдаат по многубројните критики, па претседателот на „Sanofi“ за Франција, Оливие Богијо, за телевизијата BFMTV рече дека Европејците ќе ја добијат вакцината исто толку брзо колку и Американците „доколку Европејците работат брзо колку и Американците“ во поддршката на истражувањето.

Францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави во четвртокот дека разговарал со Хадсон и дека е „смирен“ по разговорот.

„Верувам, колку што разбрав, дека тоа била несреќна реченица и можеби извадена од контекстот, и прилично сум смирен по разговорот“, изјави Веран за C News television.

Европската комисија, исто така, во четвртокот порача дека пристапот до вакцината против коронавирусот треба да биде праведен и универзален.

„Вакцината против Covid-19 треба да биде јавноздравствено добро и пристапот мора до неа да биде праведен и универзален“, рече портпарокот на ЕК, Штефан де Кеершмекер.